По првиот меч беше 1:1, а вечерва на реваншот од полуфиналето во Лига на конференции на „Олимпико“ екипата на Рома триумфираше над Лестер со 1:0.
Единствениот погодок за римската „волчица“ го реализираше Ејбрахам во 11 минута после асистенцијата на Пелегрини.
Противник на играчите на Жозе Мурињо во финалето ќе биде Феенорд кој ремизираше без голови кај францускиот Марсеј.
Благодарение на победата од 3:2 на првиот дуел на домашен терен Холанѓаните обезбеди пласман во големото финале кое ќе се одржи во Тирана (Албанија) на 25 мај.
Победникот ќе се пласира директно во групната фаза на Лига Европа за следната 2022/2023 сезона.