ВИДЕО | Хит реакција на Дурент: „Апокалипса, за ова се оди во затвор“

1 min read

Еден од најдобрите светски кошаркари Кевин Дурант во целосен шок ја напушти „Салата на мирот и пријателството“ во Пиреја, Грција.

Американецот во живо го следеше петтиот натпревар од плеј-офот на Евролигата меѓу Олимпијакос и Монако во кој Грците триумфираа и се пласираа на Фајнал-фор турнирот во Белград, Србија.

Навикнат на прилично мирна, домашна атмосфера во НБА лигата, каде што нема организирани навивачки групи и каде гледачите се исфрлаат од салата поради навреда на играчите, Дурант со неверување следеше што се случува на трибините во Атина.

Кошаркарот на Бруклин нетс на својот Твитер профил објави видео на кое може да се видат како навивачите на грчкиот клуб палат факели на што следуваше коментар со еден збор: „Апокалипса“.

Еден фан на славниот играч напиша коментар во кој истакнува дека би сакал навивачите на некој НБА тим да ја направат атмосферата што ја создаваат симпатизерите на тимовите од Евролигата. Следуваше интересен одговор од Дурант.

– Донесете факел на НБА натпревар и ќе завршите во Рикерс – алудираше на злогласниот затвор во Њујорк, САД.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ: Тешка позиција на Србија, со изјавите на Путин дополнително искомплицирана

Следно

ВИДЕО: Том Круз направи вистинско шоу на најочекуваната премиера на годината

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian