ВИДЕО: Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс финалисти во Лига Европа

1 min read

Вечерва ги дознавме финалистите во второто по квалитет европско клупско натпреварување (Лига Европа), тоа се екипите на Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс.

Германскиот Ајнтрахт и по вторпат успеа да го совлада Вест Хем, на реваншот на домашен терен славеше со 1:0. На првиот меч во Англија беше 2:1 за Франкфурт.

Единствениот гол денеска го постигна колумбискиот интернационалец Боре во 26 минута после асистенцијата на Кнауф.

Проблемите за „чеканите“ се зголеми после црвениот картон на Кресвел во 17 минута.

Противник на Ајнтрахт во финалето кое ќе се одржи во Севиља на 18 мај, ќе биде Ренџерс кој триумфираше на реваншот против Лајпциг со 3:1.

Шкотите пред своите навивачи ја анулираа негативата од првиот меч (0:1), на возвратната пресметка Таверние донесе предност за домаќините во 19 минута, зголеми Камара пет минути подоцна. Надежта за гостите за момент ја врати Нкунку (71`), а конечниот епилог го постави Лундстрам (81`).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шок за Германците: Пивото може да им поскапи до 30%

Следно

ВИДЕО | Тажната приказна зад најпознатата песна на Прљаво казалиште

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian