Општина Тетово ги информирала Министерството за локална смоуправа и Министерството за финанси за состојбата во општинскиот Совет, односно неизгласувањето на време на завршната годишна сметака, со што се отвара патот за вонредни избори за општинскиот Совет на Тетово.
Согласно законот, министерствата се должни да ја информират Владата, која во рок од еден месец треба да донесе одлука за распуштање на општинскиот Совет, за потоа претседателот на Собранието да ги распише изборите.
– Ние како општина ги информиравме министерствата за локална самоуправа и финансии на 28 април. Во согласност со Законот за локална смоуправа тие се должни во рок од седум дена да ја информират Владата, која треба во рок од еден месец да донесе одлука за распуштање на Советот, и потоа претеседателот на Собранието да донесе одлука за распишување на избори за Советот, изјави Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.