Совети од Клиника „Жан Митрев“: Остеопороза – што претставува и кога се појавува?

2 mins read

Остеопорозата претставува заболување кое се карактеризира со намалена коскена густина и нивна лесна кршливост. Под лесна кршливост се подразбира фрактура настаната од кивање, кашлање, прегрнување, но и пад со сила пропорционална на падот од стоечка положба на телото.

Половина од мажите и жените над 55 годишна возраст имаат мала коскена маса (остеопенија) или остеопороза, подложувајќи ги на зголемен ризик од фрактура.

Менопаузата е една од главните виновници за појавата на остеопороза кај жените, заради намалени количини на естроген кој делува врз ремоделирањето на коската.

Постои примарна (постменопаузална) остеопороза и секундарна која настанува како резултат на фактори како што се ендокринопатиите, ревматолошките заболувања, употреба на кортикостероидна терапија, алкохолизам, хронична опструктивна белодробна болест.

Фактори на ризик за фрактури се напредната возраст, пушење, мала телесна тежина, недоволен внес на калциум, недостаток на витамин Д, физичка неактивност, рана загуба на естроген (во рана возраст отстранети репродуктивни органи).

Смртноста од фрактура на колк е висока, дури 20% во првата година. Две третини од фрактурите на колк се јавуваат кај жени, а стапката на смртност е поголема кај мажи. Затоа е потребен навремен скрининг на сите жени над 65 годишна возраст (под 65 години само за жените со висок ризик за фрактури и секундарна остеопороза) и мажите над 70 години (под 70 доколку постои ризик фактор за фрактура) со мерење на коскената густина.

Клиничката болница „Жан Митрев“ располага со апарат за мерење на коскената густина (DEXA скен), кој според сите тековни препораки во светот е алатка број еден за соодветен скрининг на остепорозата. Нуди најпрецизни мерења на повеќе скелетни места со најмала изложеност на зрачење.

Фото: Промо

Тим од професионалци во Клиника „Жан Митрев“ комплетно ќе Ве поддржи за секој следен безбеден и слободен чекор.

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ Ви стои на располагање. закажете го вашиот преглед или навремена консултација на 02/3091-484.

*Комерцијална објава

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ без борба во четвртфиналето, Мареј се повлече од турнирот во Мадрид

Следно

Рангеловиќ: Блокадата на Собранието ќе ѝ даде алиби на Софија за задржување на ветото

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian