Рангеловиќ: Блокадата на Собранието ќе ѝ даде алиби на Софија за задржување на ветото

1 min read

Политикологот Иво Рангеловиќ смета дека сега на државата најмалку ѝ е потребна политичка криза и дека блокадата на Собранието најавена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ѝ даде алиби на Софија да го задржи ветото.

Најавуваната блокада на Собранието доаѓа во еден исклучително комплексен период, пред се за надворешната политика на Македонија. Во моменти кога и неформален или премолчен консензус би ги зајакнал позициите на државата во пресрет на кревање на ветото, најмалку е потребна политичка криза. Блокада на Собранието ќе ѝ даде алиби на Софија за задржување на ветото. Суштински ништо нема да промени ниту нова влада во време на светска криза – економска, безбедносна, дури и општествена. Од друга страна, би било политички мудро ВМРО-ДПМНЕ да ја остави актуелната Влада предводена од СДСМ да се истрча” во својод поход кон добивање датум, кој е безмалку невозможен во јуни, и со тоа да го обезбеди фронтот за победа, макар тоа биле и редовни избори -смета Рангеловиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Остеопороза – што претставува и кога се појавува?

Следно

Навивачот кој втрча на терен да го прегрне Бензема бил од Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian