Полска: На милиони Украинци итно им е потребна помош

1 min read

Полската Влада во пресрет на денешната Меѓународна донаторска конференција во Варшава објави дека потребите на Украина се огромни и дека на милиони Украинци итно им е потребна помош.

-И покрај веќе донираните средства, потребите на Украина се огромни, пред се поради големиот размер на уништување од војната, соопшти полската Влада, која е домаќин на конференцијата.

Шведска, која е коорганизатор на собирот, објави дека конференцијата има за цел да мобилизира континуирана финансиска поддршка и да одговори на хуманитарните потреби на украинскиот народ.

Состанокот се одржува на Националниот стадион во Варшава, а домаќини се полскиот премиер Матеуш Моравјецки и шведската премиерка Магдалена Андерсон, во партнерство со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Покрај пристигнувањето на неколку државни лидери, се очекува и онлајн обраќање на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како и присуство на украинската делегација.

На Меѓународната донаторска конференција одржана во Варшава минатиот месец под мото „Стани за Украина“ беа собрани 9,1 милијарда евра за помош на украинскиот народ, додека Европската банка за обнова и развој најави дека ќе одвои дополнителни милијарди евра за раселените лица.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Исмаили: Бараме правда, да се најдат виновниците за трагедијата во модуларната болница во Тетово

Следно

Бесплатно пливање, раничиња, таблети и очни прегледи – што нудат скопските општини за првачињата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian