Општина Центар ќе дава најмногу 3.000 денари за купен велосипед, е-тротинет или е-велосипед

1 min read

Општина Центар ја стартуваше акцијата “Цел Центар на точак”, со која ќе се субвенционира 30% од цената за купување нов велосипед, Е-велосипед и Е-тротинет, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет започнувајќи од 4-ти мај, потребно е да ги достави следниве документи :

Копија од лична карта;

Копија од трансакциска сметка;

Фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар-Скопје , барака бр.6, почнувајќи од 04-ти мај. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето. Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 3203-639.

skopjeinfo.mk

Претходно

Зеленски и Нафтали Бенет разговарале за „скандалозните и неприфатливи“ изјави на Лавров за антисемитизмот

Следно

Стојчев: Академија Пандев цели кон Европа, не треба да ја испуштиме оваа шанса

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian