„Неуморниот“ Рафа четвртфиналист во Мадрид, спаси четири меч топки

1 min read

Рафаел Надал потешко од очекувањата денеска го совлада Давид Гофан и се пласираше во четвртфиналето на АТП 1000 турнирот во Мадрид.

Шпанецот на домашен терен и пред своите навивачи со резултат 2:1 по сетови 6:3, 5:7 и 7:6 го елиминираше белгискиот тенисер.

Мечот траеше повеќе од три часа, Гофан имаше дури четири меч топки, но не успеа да искористи ниту една од нив.

„Бикот од Мајорка“ ја оствари и петтата победа од исто толку мечеви на земја против 31-годишниот поранешен седми играч во светот.

Гофан е моментно 60-ти на АТП листата, но во понеделник се враќа во Топ 50. Од квалификациите стигна до осминафиналето на Мадрид, а недостасуваше само малку среќа да оди чекор понатаму.

Надал за пласман во полуфиналето ќе игра против подобриот од пресметката Нори – Алкараз.

АТП Мадрид, резултати:

Рубљов – Еванс 2:0, Хуркач – Лајовиќ 2:0, Мусети – Зверев 0:1 (пред.), Надал – Гофан 2:1, Оже Алијасим – Синер 2:0, Димитров – Циципас 0:2.

Познати се останатите три четвртфинални парови на турнирот во Мадрид, тие се: Оже Алијасим – Зверев, Рубљов – Циципас и Ѓоковиќ – Хуркач.

Ѓоковиќ без борба во четвртфиналето, Мареј се повлече од турнирот во Мадрид

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грција воведе дополнителни мерки за да се справи со покачувањето на цената на струјата

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Каи наполни две години: Актерката Нина Деан го прослави роденденот на нејзиниот син

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian