Липтауер е унгарскиот урнебес: Намаз кој откако ќе го направите еднаш, нема да престанете

1 min read

Липтауер е класично јадење што обично се состои од различни видови сирења, помешани со пипер и разновидни свежи билки и зачини. Иако има долг спор за вистинското потекло на овoj класичeн намаз од Централна Европа, неговото име секако потекнува од германскиот термин што се користи за словачкиот регион Липтов. Поради присуството во традиционалната унгарска и австриска кујна, се верува дека е создаден во периодот на Австро-унгарската монархија. Денес, се појавува во бројни варијации низ многу европски земји и обично се ужива како сос, намаз или додаток на месо на скара.

Потребни состојки:

– 225 г крем сирење или урда
– 100 г солен путер, омекнат
– 1 чешне лук, ситно сечкано или рендано
– 2 лажици кромид, ситно сечкани
– 1 лажица каперси, сечкани
– 1-1,5 лажичка црвен пипер
– 1 лажиче ким
– 1 лажиче сенф
– 1/4 лажичка сол

Фото. Instagram

Начин на подготовка:

– Комбинирајте ги сите состојки во средна чинија и измешајте со помош на електричен миксер, додека сè не е добро соединето и сирењето омекнато. Ставете го намазот во херметички затворен сад најмалку 1 час пред сервирање за да се впијат вкусовите.

Липтауер традиционално се служи на ‘ржан леб, но вкусен е и кога се нанесува на било каков вид леб или крекери. Ќе ви трае 1-2 недели во фрижидер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уапсен 22-годишник од Скопје

Следно

Јапонија ќе користи нуклеарна енергија за да ја намали зависноста од рускиот гас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian