Исмаили: Бараме правда, да се најдат виновниците за трагедијата во модуларната болница во Тетово

2 mins read

Мумин Исмаили од тетовско Нераште кој успеа да се спаси од пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година, бара правдата за овој случај да излезе на виделина. Мумин Исмаил, иако самиот успеал да се спаси, не успеал да ја спаси и неговата мајка, која го загуби животот во пожарот.

Тој вели дека ниту една премија, односно обештетување со пари, не може да му ја врати мајката, па токму затоа и ги одбил парите за отштета. Како што вели ако го прими тој паричен надомест, тогаш случајот никогаш нема да добие правна развршница.

– Како човек на кој му се случи двојна трагедија, досега не знам ништо до каде е судскиот процес за овој случај. Имаме адвокат, но имаме малку информации за тоа што се случува во судските кругови. Ние бараме правда и да се најдат виновниците за трагедијата, изјави Исмаили за „Слободен печат“.

Тој раскажуваа дека на почетокот кога се случи трагедијата биле повикани во тетовскиот основен Суд да даваат изјави, но чудно е, додава, како по две недели откако ги дале изјавите, предметот за овој случај преминал во рацете на друг судија.

– На германскиот извештај во кој се вели дека пожарот е предизвикан од продолжен кабел на струја, не можам да му верувам. Јас сум бил на лице место, сум бил таму, пациент во болницата. Не е точна оваа констатација. Пожарот избувнал на почеток од соба број 3, таму имало една клима, и секогаш кога се вклучуваше имаше проблеми со струјата, односно склопката на струјомерот, раскажува Исмаили.

Државниот обвинител Лубомир Јовески изјави дека обвинителството од почеток сериозно му се посвети на овој случај и ги стави на располагање сите ресурси за истрага на истиот.

– Во овој случај, во овој дел на процедурата не се земени само експертизите, но се сослушани и неколку луѓе, извршени се и други експетизи, како експертиза на електричната инсталација и сл… Обвинителството го истражува целосно овој случај и ќе одговори на сите дилеми и специфични околности, истакна Јовевски.

За овој случај веќе е формирана и работна група од обвинители. Освен германската експертиза, има и неколку други домашни експертизи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кралицата на кантри музиката и раперот Еминем влегуваат во Куќата на славните на рокенролот

Следно

Полска: На милиони Украинци итно им е потребна помош

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian