Хрватските кошаркарски клубови ќе ја напуштат АБА лигата!?

2 mins read

Српските медиуми ја објавија веста дека хрватските клубови ја напуштаат АБА лигата. Се пишува дека на неодамнешната седница Кошаркарската федерација на Хрватска предложила хрватските клубови да ја напуштат АБА лигата и да се приклучат на друго регионално натпреварување.

Станува збор за „Алпе Адриа Купот“, кој ги собира клубовите од централна Европа, поточно од Австрија, Хрватска, Чешка, Полска, Словачка и Словенија. Ова натпреварување е во надлежност на ФИБА.

Исто така пишува дека евентуалното излегување на хрватските клубови од АБА лигата дефинитивно би ја затворило вратата за Евролигата и сите натпреварувања во надлежност на таа организација, а целта би била целосен пресврт кон ФИБА Лигата на шампионите, Еврокупот и „Алпе Адриа Купот“.

Наводно, причината за ваквата одлука е тоа што заминувањето од АБА лигата многу подобро би функционирало со млади играчи, што во иднина би ѝ помогнало на хрватската репрезентација.

– Ништо не одлучивме, но на седницата во вторник им понудивме на клубовите опција да играат во Лигата на шампионите, Еврокупот и „Алпе Адриа купот“, и сѐ ќе им биде платено. Сега е на нив да одлучат, имаат седум дена да го сторат тоа. Следниот вторник ќе знаеме сѐ.

Секако, доколку се договорат, од следната сезона нема да можат да играат во АБА лигата. Тоа едноставно би било невозможно поради распоредот. Но, мислиме дека тоа би било одлично за хрватската кошарка. Што ни донесе АБА лигата во последните 20 години? Ништо. Живееме, постојано се бориме да останеме, а таа лига се претвори во полигон за Црвена звезда и Партизан да носат странци – рече претседателот на Стручниот совет на хрватската кошаркарска федерација, Дино Раѓа за хрватските медиуми.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден и Шолц разговараа за идните акции во Украина

Следно

ФОТО | Највлијателните политички карикатури кои ја променија историјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian