Директорот на АПЈ, Села: Со примената на Законот за употреба на јазиците се регулира соживотот и еднаквоста во државата

2 mins read

На службените лицата кои раководат со државните институции треба да им биде јасно дека Законот за употреба на јазиците е одамна на сила и како и секој друг закон треба да се спроведува. Со целосното и адекватно спроведување на овој закон се исполнува основната цел за јазична еднаквост, а со тоа и онаа за подобар соживот во Република Северна Македонија и за тоа секој мора да даде свој придонес. Ова го изјави директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села во една изјава за GAZETA.MK

“Агенцијата, оние работи што ги има дефинирано законот за употреба на јазиците, особено членот 19 ги ​​исполнува сите и нормално ние сме институција која ги поддржува другите институции во Република Северна Македонија каде што овој закон предвидува Албанскиот јазик да е службен јазик. Досега можам да кажам дека има институции кои побараа наша помош и презедоа чекори кон реализација на имплементацијата на Албанскиот јазик”, изјави Села.

Според директорот Села, Агенцијата за примена на јазикот била, е, и ќе остане отворена за сите институции во Република Северна Македонија со цел да се даде поддршка и помош во спроведувањето на законот за употреба на јазиците.

„Оние кои ќе бараат поддршка, дали за разни обрасци, табели или лиценци, агенцијата ќе им помогне да не се направат правописни грешки и во таа насока ќе направиме унифицирање на терминологијата во институциите на Република Северна Македонија и се надевам, ако Инспекторатот ќе биде повеќе на терен и ќе преземе мерки, тогаш работата и функционирањето на агенцијата и барањата од нас ќе бидат поголеми бидејќи како што гледаме многу институции имаат потреба од наша поддршка и тоа треба да ја побараат„ рече директорот на АПЈ, Илбер Села.

Претходно

Захариева: Петков води двојна надворешна политика кон С. Македонија

Следно

ВИДЕО | Го збуни свештеникот и ја насмеа цела црква: Девојче за време на причест ја испи целата чаша вино

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian