Бесплатно пливање, раничиња, таблети и очни прегледи – што нудат скопските општини за првачињата

1 min read

Месец мај е резервиран за упис на првачињата во основните училишта за претстојната учебна 2022/23 година.

Како што најавија општините, од септември семејствата на првачињата ќе добијат финансиска помош која се движи околу 3.000 денари. Освен оваа парична помош дел од скопските општини им излегуваат во пресрет на родителите во трошоците.

Општина Аерором најави бесплатно пливање за сите првачиња од општината за следната учебна година.

Најмалите ученици од Кисела Вода, пак ќе добијат ранче ранче подарок од општината. Реализацијата на овој проект насловен како „Ранче за секое прваче“, ќе има за цел барем малку да им ги олесни финансиските трошоци на родителите при уписот на своето дете во училиште, велат надлежните. 

Еден од следните зацртани проекти во оваа општина е и Таблет за секое дете.

Во општина Центар вкупно 522 дечиња ќе добијат бесплатни офталмолошки прегледи во градинките кои ги посетуваат. Покрај прегледите нашите идни првачиња ќе добијат и потврди за упис во основните училишта. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Полска: На милиони Украинци итно им е потребна помош

Следно

Захариева: Петков води двојна надворешна политика кон С. Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian