Вучиќ по средбата со Шолц: Ги разбираме барањата на Германија

1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по средбата во Берлин изјави дека германскиот канцелар Олаф Шолц порачал дека се што е потпишано меѓу Белград и Приштина мора да се имплементира, наведувајќи дека е убеден дека тоа важи и за Договорот од Брисел. Одговарајќи на новинарски прашања за војната во Украина, Вучиќ истакна и дека Србија добро ја разбира пораката на Германија и на другите, пишува српска Нова.

Вучиќ, коментирајќи ги најавите на косовскиот премиер Албин Курти дека Косово ќе поднесе барање за членство во одредени меѓународни организации, изјави дека доколку некој не сака да го почитува Вашингтонскиот договор, тогаш Србија ќе постапи во нејзин интерес и ќе го почитува српскиот Устав.

„Вечерва имаме продолжување на дијалогот и верувам дека ќе имаме одреден напредок“, вели Вучиќ, додавајќи дека Белград ќе даде се од себе за да се постигне компромисно решение.

Зборувајќи за војната во Украина, Вучиќ изјави дека Шолц на средбата „на силен начин“ ги повторил барањата на Германија.

„Што се однесува до Србија, ние имаме различен став во однос на Косово, Србија е под санкции цела деценија и има поинакво расположение од повеќето други. Србија добро ја разбра пораката на Германија и на сите други“, рече Вучиќ.

Вучиќ во својот говор истакна и дека се радува на скорешната посета на германскиот канцелар во Белград и потсети дека Германија е најголемиот српски трговски партнер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хрватска ќе додели пет милиони евра хуманитарна помош за Украина

Следно

Тричковски со нов гол, Богатинов финалист во Купот на Кипар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian