ВИДЕО: Страшна несреќа на автомобилска трка во Јапонија

1 min read

Јапонскиот возач Мицунори Такабоши доживеа хорор несреќа на Супер ГТ возејќи на патеката Фуџи.

На средина на трката, со брзина од 290 километри нас час, Такабоши удри со својот автомобил во ѕидот, сакајќи да го заобиколи болидот на Такеши Сухира, чиј болид излета и едноставно застана на патеката.

Одличната реакција на Такебоши избегна посилен удар за неговиот ривал, каде со таа брзина ќе беше трагично барем за еден возач, но тој се одби од болидот во заштитната ограда.

Неговиот автомобил беше практично преполовен, а целата ситуација изгледаше ужасна.

Веднаш бил префрлен во болница, но за среќа немал сериозни повреди, што го потврдува и неговата слика од болницата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сирени за тревога и експлозии во голем број украински градови

Следно

ВИДЕО | Медицинска сестра тврди: Амбер Херд се дрогираше додека беше во брак со Џони Деп

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian