ВИДЕО | Продавачка која стана вирален хит: Викаат многу скапо било, а даваат 200 евра за напумпани усни

1 min read

Една од главните теми како и кај нас, така и во Босна и Херцеговина е секојдневното поскапување на цените кое трае веќе неколку месеци, а свое мислење на оваа тема даде и една продавачка на пазар, која поради својата изјава стана вирална на социјалните мрежи.

Во последните месеци незапирливо растат цените на горивата, маслото, месото, овошјето, и други намирници, а за оваа тема прилот направи Радиотелевизијата на Босна и Херцеговина.

На пазарот во Бања Лука тие на оваа тема и поставија прашање на една продавачка.

„Сите гледаат на лажица, а најлоши се оние госпоѓине, знаеш, напумпани усни и слично.. Само викаат скапо, скапо, а не е скапо кога одат да дадат 300-400 марки (150-200 евра) за да ги напумпаат усните и да ги затегнат веѓите, оние јапонски и така натаму“, на шега рече продавачката, а нејзината изјава набрзо се појави и на Твитер, каде стана хит.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мари: Со мојов метален колк, немам шанси против Ѓоковиќ

Следно

Поскапување на горивата за 2,5 до три денари за литар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian