ВИДЕО: Одличниот Морент броеше до 47 и го урна Голден стејт

1 min read

Кошаркарите на Мемфис гризлис во вториот натпревар од серијата го победија Голден стејт со 106:101 и со тоа израмнија во победи.

Следните два натпревари ќе се играат во Сан Франциско, каде Вориорс ќе се обидат да стигнат до „меч топката“ во оваа серија и можност да одат понатаму, со предност од брејк и домашен терен.

Натпреварот го одбележа феноменалниот Џа Морент, кој постигна 47 поени! Морент додаде осум скока и асистенции, како и три украдени топки.

Токму Морент ја реши оваа средба, на четири минути до крајот Голден стејт водеше со четири разлика, но потоа на сцена стапи Морент.

Гризлис оттогаш направија серија 15:6, а сите 15 поени во тој период за Мемфис ги постигна Џа Морент!

Во редовите на Голден Стејт Вориорс најефикасен беше Стеф Кари со 27 поени, девет скока и осум асистенции. Џордан Пул постигна 20 поени, а Ендрју Вигинс мечот го заврши со 16 поени на своето конто.

И Бостон израмни во серијата против Милвоки 109:86, а најефикасен во редовите на Селтикси Џејлен Браун со 30 поени, пет скока и шест асистенции.

НБА плеј-оф, резултати –
Полуфинале

Бостон – Милвоки 109:86 (1:1)
Мемфис – Голден стејт 106:101 (1:1)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Австралија со нови санкции против пратеници и министри поради ситуацијата во Украина

Следно

ВИДЕО+ ФОТО: Верица Пандиловска пееше по повод 55-тиот роденден на кралот на Холандија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian