ВИДЕО: „Кралска“ вечер во Мадрид, Реал и Ливерпул за трофејот во ЛШ

2 mins read

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на Лигата на шампионите со победата од 3:1 над Манчестер сити во реваншот од полуфиналето, по продолженијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

На првиот дуел одигран на „Етихад“ стадионот играчите на Пеп Гвардиола триумфираа со 4:3, но не ја задржаа минималната предност.

„Кралевите“ после една од највозбудливите полуфиналните мечеви во елитното клупско натпреварување во последните години го обезбедија своето 17 финале во ЛШ.

Реал уште еднаш покажа дека никој не треба да го отпише, дури и кога делува целосно „нокаутиран“, бидејќи така делуваше до 90. минута од возвратната пресметка.

„Граѓаните“ водеа со 1:0 по голот на Ријад Марез во 73 минута од мечот на преполниот Бернабеу.

Родриго го врати во живот Реал со два гола за 120 секунди. Карим Бензема беше речиси невидлив во текот на сите 90 минути, а потоа асистираше и постигна гол во продолжението за целосен пресврт.

Реал по четири години се враќа во финалето на Лигата на шампионите, а повторно го чека Ливерпул (на 28 мај во Париз, Франција) од кој минатиот пат беше подобар со 3:1.

Ливерпул вчера се пласираше во финалето на Лигата на шампионите по победата на гости кај Виљареал со резултат 3:2 во реваншот од полуфиналето.

Реал Мадрид – Манчестер сити 3:1 (0:0)

(Родриго 90`, 90+1`, Бензема 95` п – Марез` 73)

Стадион: Сантијаго Бернабеу, Мадрид; Судии: Даниеле Орсато, Чиро Карбоне, Алесандро Џалатини, Давиде Маса

Реал Мадрид: Куртоа – Карвахал, Едер Милитао, Начо, Менди – Крос, Касемиро, Модриќ – Валверде, Винисиус Јуниор, Бензема.

Манчестер сити: Едерсон – Вокер, Дијаз, Лапорт, Кансело – Б. Силва, Родри, Де Брујне – Марез, Фоден, Жесус.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Германската министерка за одбрана: На Западен Балкан местото му е во НАТО

Следно

Димитријевиќ и Валенсија без финале во Еврокупот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian