ВИДЕО+ ФОТО: Верица Пандиловска пееше по повод 55-тиот роденден на кралот на Холандија

1 min read

По повод Националниот ден на Холандија, познат како Денот на кралот 2022 година, нашата пејачка Верица Пандиловска пееше пред илјадници граѓани во градот Утрехт. Холандскиот крал Вилем Александер тој ден го прослави неговиот 55-ти роденден.

Верица Пандиловска/Фото: Фејсбук

Претходно овој ден бил познат како Ден на кралицата. На роденденот на кралот Вилем Александер жителите на Холандија, особено во Амстердам уживаат во најголемите и најживописни свечености. Целата нација празнува на овој ден и се чини како секој жител на овој ден да го слави сопствениот роденден.

„Данот на кралот на Холандија. Ви благодарам за можноста која ми ја дадовте на овој специјален ден за Холандија и кралот Вилем Александер. Ми беше огромна чест и задоволство да пејам пред холандскиот надор во Утрехт. Се гледаме наскоро. Им благодарам на граѓаните на Утрехт. Се гледаме наскоро. Им благодарам на граѓаните на Утрехт“, напиша Пандиловска во објавата на Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Одличниот Морент броеше до 47 и го урна Голден стејт

Следно

ВИДЕО | Д-р Митов: Автофагија е нов тренд за слабеење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian