ВИДЕО | Болничарка од Украина која ги изгуби двете нозе се омажи во болница: Ова е првиот танц

1 min read

Ова се Оксана и Виктор. Оксана е медицинска сестра од Лавов, има само 23 години и пред неколку недели во експлозија на нагазна мина ги изгуби двете нозе и четирите прсти на левата рака. Виктор е нејзиниот новопечен сопруг – се венчаа во болница неколку недели по несреќата, а снимка од нивниот прв танц го обиколува светот. Виктор и Оксана се венчаа во болничкиот оддел каде таа се опоравува од операцијата.

Оксана ги загуби нозете и четирите прсти на левата рака откако мина експлодираше под неа во источниот град Лисичанск на 27 март, а Виктор тогаш бил со неа.

Лекарското здружение на Лавов изјави дека Оксана со Виктор тргнала дома „по позната патека“ и се свртела да го предупреди нејзиниот иден сопруг, а потоа мината експлодирала. Тој останал неповреден, а Оксана беше во животна опасност и ѝ беа потребни четири операции пред да биде однесена во Днепар каде продолжи да закрепнува.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дибала си оди од Јуве: Аргентинецот ја прифати понудата од 6 милиони евра!?

Следно

Ковид состојба: 135 нови случаи, 85 оздравени и без починати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian