Вечна му слава: Две години од смртта на Драган Вучиќ

2 mins read

Пред две години, на денешен ден нѐ напушти Драган Вучиќ, еден од најквалитетните македонски композитори и човекот којашто повеќе децении ја забавуваше македонската јавност со своите телевизиски емисии.

Драган Вучиќ е роден во 1955 година, во главниот град Скопје. Потекнува од музичко семејство, а неговиот татко беше член на националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Тој беше во среќен брак со сопругата Весна, која е ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасоски. Нивниот син Мартин Вучиќ е, исто така, музичар и моментално е директор на „Танец“.

Вучиќ ја стекна својата популарност како музичар во групата „Тавче гравче“, а потоа беше член и на групата „Македонија“ и на поп-фолк групата „Кода“. Во деведесеттите години на минатиот век, тој ја започна своја солистичка кариера и испеа неколку народни песни кои беа големи хитови – „Твојте очи шараат“, „Ника, ника“, „Кате, мори Като“ итн.

Беше автор на повеќе песни кои оставија белег на македонската музичка сцена, меѓу кои и „Свирете ја ‘Зајди, зајди’“, „Ангели ме носат“ и „Кажи ѕвездо“. Исто така, тој е компизитор на песната „Ти си сон“, со која неговиот син ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2005 година.

Покрај музичката кариера, Драган Вучиќ беше водител на повеќе телевизиски емисии на македонските телевизии, а најпопуларно беше музичкото натпреварување „Вашите пет минути“.

Музичарот и водителот боледуваше од рак на белите дробови, а неговата состојба се усложни откако се зарази со коронавирусот во април 2020 година. Вучиќ почина на 64-годишна возраст, на инфективната болница во Скопје.

Вечна му слава!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алушовски уште три години ќе биде тренер на исландскиот Тор

Следно

Првиот човек на Бирото за јавна безбедност Тасевски се сретна со директорката на Европол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian