Се удави рибар во Охридско Езеро

1 min read

Давеник утрово е пронајден во водите на Охридското Езеро, кај карпите меѓу плажите „Горица 2″ и „Горица 3″.

Според првичните информации, се работи за несреќен случај со трагични последици. Рибар од Охрид се лизнал од карпата од која рибарел.

Случајот за МИА го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, посочувајќи дека полициски екипи се на местото на незгодата и вршат увид.

Телото на давеникот го забележале случајни минувачи и пријавиле во полиција .

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новинарот кој ѝ соопшти на Југославија дека Тито почина: Чувствував дека е на видик најголемата криза

Следно

Шефот на кабинетот на Зеленски: Изјавата на Лавров докажува дека Русија е закана за Евреите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian