Пред Парламентот на Бугарија ќе се одржат два протеста поради гласањето за воена помош за Украина

1 min read

Пред Народното собрание на Бугарија ќе бидат организирани два протестаедниот за, а другиот против давање воена помош за Украина, јави дописникот на МИА од Софија. Во неколку големи градови во Бугарија вчера имаше протести против давање воена помош за Украина.

Претседателот на Бугарија Румен Радев од Пловдив вчера ги критикуваше плановите на владата во Софија за воено-техничка помош на Украина. Поборниците на идејата Бугарија да им се придружи на земјите кои ја поддржуваат Украина со воена помош се собираат пред официјалниот влез на парламентот на плоштадот Народно собрание во Софија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јохансон: ЕУ мора да помогне за извоз на стоки од Украина

Следно

Хепатитис А е исклучително заразна болест: Еве кои се симптомите и како да се заштитите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian