Песков со закани: Западот ќе плати висока цена за антируските санкции

1 min read

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека граѓаните на западните земји веќе плаќаат висока цена поради антируските санкции што ги воведоа нивните држави и предупреди дека цената ќе расте секој ден.

Според него, Кремљ подготвува одговор на шестиот пакет санкции на ЕУ.

– Разгледуваме различни опции. Ако зборуваме за областа на санкциите воопшто, ова е меч со две острици. Американците, Европејците и другите земји се обидуваат да ни наштетат и треба да платат висока цена, истакна Песков.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Европскиот парламент изнесе детали од шестиот пакет санкции против Русија, кои меѓу другото вклучуваат и постепено завршување на снабдувањето со руска сурова нафта во рок од шест месеци и увоз на рафинирани производи до крајот на годинава.

kurir.mk

Претходно

ФОТО | Само Пендаровски од државниот политички врв положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Следно

Неколку пријави за напад од кучиња скитници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian