Не знае англиски, но одлично зборува фудбал: Најдобриот трансфер во јануари, а можеби и на сезоната

2 mins read

По врвното издание на реваншот со Виљареал, сè погласно се зборува за Колумбиецот како најдобро засилување за натпреварувачката 2021/22. Мора да бидете опасен фудбалер, главно извонреден, така што во конкуренција на соиграчи како Мохамед Салах и Сади Мане, центарот на вниманието од недела до недела е насочен директно кон вас.

Египетскиот „принц“ е вистинската ѕвезда на Ливерпул, Сенегалецот Мане е како напаѓачко „сечило“ на теренот, а Луис Дијаз е способен речиси веднаш да го промени ритамот на играта.

Ливерпул ја заврши најдобрата работа минатата зима со трансфер вреден 45.000.000 евра, а времето може да покаже еден од најдобрите во тековната деценија. Неговиот карактер го пофалија и поранешните играчи на Ливерпул, Дирк Кајт и Мајкл Овен.

– Колумбиецот можеби не знае да зборува англиски, но зборува фудбал на теренот – рече Холанѓанецот Кајт на 10 дена пред дербито на Мерсисајд.

Поранешниот освојувач на „Златната топка“ Мајкл Овен, кому една од главните карактеристики во играчките денови му беше суперсоничната брзина, не можеше а да не се воодушеви од спринтовите на Дијаз.

– Никогаш не сум видел играч да трча како него. Начинот на кој тој ја сфати играта на Ливерпул во моментов е неверојатен. Сега нема сомнеж, тој треба да биде еден од стартерите на тимот на Клоп – вели поранешниот англиски репрезентативец.

Ливерпул игра сезона која може да го добие епитетот на една од најимпресивните во историјата на клубот. Трофејот во Лига Купот е веќе тука, а до крајот на мај би можел да ги крене пехарите во ЛШ, Премиер лигата и ФА Купот. Затоа, немојте да се чудите ако во финалето на европската елита, најстарото натпреварување на планетата, или четирите финалиња на Ливерпул во Премиер лигата (во кои треба да слави и да се надева на неуспех на Манчестер сити), Дијаз како стартер или од клупата ги исфрла противничките дефанзивци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Радев огорчен поради тоа што притисокот од ЕУ врз Софија е поголем отколку врз Скопје

Следно

ФОТО | Сестрите од поранешна Југославија ја пронајдоа Американката која им дала 100 долари пред 23 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian