Не освојува само мирисот: Факти за јогрованот што не сте ги знаеле

2 mins read

Јоргованот го заслужил местото меѓу омилените цвеќиња поради едноставноста и пријатниот мирис. Нивното време започнува со доаѓањето на пролетта, па најдовме неколку интересни работи кои најверојатно ќе ги интересираат сите љубители на овој прекрасен цвет. Дали знаевте, на пример, дека јоргованот потекнува од Југоисточна Европа, односно од Балканот каде што расте во планините на Македонија, Бугарија, Хрватска, Грција, Романија.Турците со векови го одгледувале овој вид, кој пристигнал во Виена и Париз околу 1500 г. Французите оттогаш развија толку многу варијанти на јоргованот што обичниот јоргован често се нарекува француски хибрид или едноставно француски јоргован. Конечно, овие европски примероци отпатуваа во Новиот свет, а грмушките од јоргован ги украсија градините на американските претседатели Џорџ Вашингтон и Томас Џеферсон (кој исто така му посвети дел од својата книга за градинарството).

Јоргованот цвета три недели во пролет

Но, постојат рани, доцни и јорговани кои цветаат на половина од сезоната така со комбинација на различните видови можеме да го продолжиме времето на уживање на шест недели.

Некои видови на јоргован може да преживаат на -50 степени Целзиусови

Овие дрвја не успеваат во целосно топлите клими. Им треба период на подолго зимско студенило за да соберат сила за повторно да процветаат следната година.

Постојат повеќе од илјада видови јорговани

Цветовите можат да бидат единечни или двојни, боите се движат од бели, крем, розови, магента, виолетови, лаванда и слично. Кога ќе расцветаат се накитени со темнозелените лисја.

Јоргованите доаѓаат од семејството на маслинките- oleaceae и нивните цветови се јадат и одат одлично со пијалаци, салати и десерти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За дете од Србија се сомнева дека е заразено со хепатитис од мистериозно потекло

Следно

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде зелено светло за блокада на Собранието од 10 мај

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian