Мари: Со мојов метален колк, немам шанси против Ѓоковиќ

2 mins read

Британскиот тенисер в четврток треба да игра со Србинот во третата рунда од Мадрид опен. Мари вели дека тој е аутсајдер во дуелот со светскиот број еден, но сепак се радува на можноста повторно да му се спротивстави

Британскиот тенисер Енди Мари вели дека нема никаква шанса да го победи светскиот број еден Новак Ѓоковиќ во мечот од третата рунда на турнирот во Мадрид. Мечот треба да се игра в четврток.

Шкотот во првите две рунди ги победи Доминик Тим и Денис Шаповалов што е првпат уште од времето пред Австралија опен да победи во два врзани меча. Сега треба да се сретне со Ѓоковиќ, првпат во пет години и тој ја прифаќа улогата на аутсајдер во овој дуел.

– Теоретски гледано не би требало да имам никакви шанси против Ѓоковиќ. Тој е светски број еден, а јас играм со метален колк, што значи дека сум аутсајдер. Сепак ова е добра шанса да видам до каде сум со формата и да се сретнам уште еднаш со него на теренот. Сме имале многу големи битки на значајни турнири во светот. Мислам дека сме играле во финалињата на сите четири грен-слем турнири, а не сме имале можност за дуел долго време. Не знаев дека ќе имам уште една шанса да играм против него, затоа ќе дадам се од себе – вели Британецот.

Тој двапати го оперира колкот, во 2018 и во 2019 година.

Последен пат Мари и Србинот се сретнаа во Доха во 2017 година. Во меѓусебниот скор со Мари, Ѓоковиќ води со 25-11. Ноле во претходното коло мина без изгубен сет, совладувајќи го Гаел Монфис со 6-3, 6-2. Тоа беше 18. победа на Ѓоковиќ во 18 дуели колку што играл против Французинот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поднесено обвинение за бесправно градење во Центар

Следно

ВИДЕО | Продавачка која стана вирален хит: Викаат многу скапо било, а даваат 200 евра за напумпани усни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian