Италијанците очекуваат Несторовски да го напушти Удинезе

1 min read

Успешно се опорави од повредата, а после истата Илија Несторовски воглавно ја грее клупата на Удинезе, едвај добива минутажа и се очекува наскоро да го напушти клубот од Удине.

Поради фактот што не се наоѓа во добра натпреварувачка форма, не се најде ни во составот на селекторот Благоја Милевски за баражот за Светското првенство 2022.

Несторовски (32) сезонава има четири настапи во италијанската Серија А со само 27 минути поминати на терените во Италија.

Има важечки договор до 30 јуни 2022 година и нема никакви најави за продолжување на соработката, а и тамошните медиуми не веруват дека играчот ќе добие нов договор.

Според „Тутомеркатовеб“ се очекуваат неколку заминувања во Удинезе, меѓу нив е и Несторовски чие заминување се зема „здраво за готово“.

Во својата клупска кариера претходно ги бранеше боите на прилепска Победа, Словачко, Викторија Жижков, Металург, Интер Запрешиќ и Палермо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ахмети-Бомгартнер: Приоритет на РСМ, надминувањето на проблемот со Бугарија и интеграцијата во ЕУ

Следно

Што прави денеска: Јулијана Величковска, писател, уредник и преведувач

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian