Хрватска ќе додели пет милиони евра хуманитарна помош за Украина

1 min read

Владата на Република Хрватска донесе Одлука за испраќање хуманитарна помош за населението на Украина по повод Меѓународната донаторска конференција, со придонес од пет милиони евра.

„Хрватската Влада денеска одржа телефонска седница на која донесе Одлука за испраќање хуманитарна помош за населението на Украина по повод Меѓународната донаторска конференција на високо ниво за Украина, во коорганизација на Владата на Полска, Владата на Кралството Шведска и на претседателот на Европскиот совет, со учество на потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош, со придонес од 5.000.000 евра“, соопшти владината Канцеларија за односи со јавноста.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Бишевац: Потребни се избори, блокадата е легитимен чекор – единствен избор на опозицијата

Следно

Вучиќ по средбата со Шолц: Ги разбираме барањата на Германија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian