Хепатитис А е исклучително заразна болест: Еве кои се симптомите и како да се заштитите

3 mins read

Вирусниот хепатитис е акутна или хронична инфективна воспалителна болест на црниот дроб предизвикана од вирусите А, Б, Ц, Д и Е. Со вирусниот хепатитис живеат стотици милиони луѓе ширум светот и таа група на болести е значаен предизвик за јавното здравје кој бара глобален одговор и здравствени интервенции.

Вирусен хепатитис не погодува одредена географска област или одредена група на луѓе; Тоа е навистина глобална епидемија која може да влијае на животите на милиони луѓе без тие воопшто да бидат свесни за тоа, стои на веб-страницата hepatos.hr

Хепатитис или заразна жолтица

Хепатитис А или заразната жолтица е акутно заразна болест на црниот дроб којашто ја предизвикува хепатотропен вирус на хепатитис А (HAV) кој припаѓа на родот Хепатовирус, од семејството Picornaviridae. Познати се шест генотипови HAV, од I до VI.

Како се пренесува?

Хепатитис А е многу заразна болест, со просечен период на инкубација од 28 дена кој се движи во дијапазон од 15 до 50 дена. Лицето е заразно во втората половина од периодот на инкубација, додека сè уште не развила симптоми па сѐ до крајот на првата недела од жолтицата.

HAV може да се пренесе преку загадена вода, храна, валкани раце или феко-орални патишта помеѓу блиски контакти (домашни, сексуални или контакти во колективи како што се градинките и училиштата). Групи со поголем ризик за зараза се приматели на заразени крвни препарати, луѓе кои користат дроги со инјектирање, мажи кои имаат сексуални односи со луѓе од ист или од двата пола и бездомници.

Кои симптоми се појавуваат?

Болеста е често асимптоматска или блага, особено кај деца помлади од пет години. Кај возрасните, почетокот на болеста е обично нагло со зголемена телесна температура, слабост и болки во стомакот, а жолтицата е доминантен симптом. Симптомите на болеста може да траат од 1-2 недели па сѐдо неколку месеци. Во 15 отсто случаи се појавуваат рецидивите на хепатитис во рок од една година. По инфекцијата останува доживотниот имунитет; не е позната појавата на хронична инфекција. Смртноста од болеста е ниска: од 0,1 до 0,3 отсто, но може да биде поголема (1,8 отсто) кај луѓе на возраст над 50 години или во случај на истовремени хронични болести на црниот дроб.

Како да се заштитите?

Основното правило може да се сумира во препораката:

– Редовно спроведување на мерки за лична хигиена и хигиена на животната средина! Ова вклучува темелно миење на рацете со сапун и топла вода најмалку 10 секунди:
– Пред подготовка на храната
– Пред и по јадењето
– По користење на тоалет, менување пелени и користење марамчиња
– При контакт со сирова и за јадење приготвена храна и др.

Покрај сето горенаведено, неопходно е да се обезбеди здравствено исправна вода и храна, а исто така и да се овозможи правилно отстранување на отпадните материи.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пред Парламентот на Бугарија ќе се одржат два протеста поради гласањето за воена помош за Украина

Следно

Во Тетово треба да се распишат повторни избори за советници!?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian