ФОТО | Сестрите од поранешна Југославија ја пронајдоа Американката која им дала 100 долари пред 23 години

5 mins read

Аида Зугај, сега Американка, со години чува плик, за кој се надевала дека ќе ѝ помогне да ја пронајде непознатата жена која ѝ помогнала кога најмногу ѝ требало. Имено, кога имала 12 години, Аида ја напуштила поранешна Југославија со нејзината постара сестра Вања.

Аида и Вања летале од Амстердам во Твин Сити. Во авионот седеле до две жителки на Минесота и со нив ја споделиле својата приказна. Седумнаесет годишната Вања раскажала дека од поранешна Југославија побегнале во Унгарија поради војната, па по некое време од Будимпешта заминале во САД. Тогаш 12-годишната Аида не знаела англиски, но на една од жените ѝ помогнала во плетењето, за што таа ги наградила.

Таа им дала плик со порака: „За девојките од Југославија, жал ми е што бомбардирањето на вашата земја предизвикало толку проблеми на вашето семејство. Се надевам дека вашиот престој во Америка ќе биде безбеден и среќен за вас. Добредојдовте во Америка. Ве молиме, дозволете ова да ви помогнеме“.

Кога го отвориле пликото, девојките биле шокирани кога откриле дека внатре има повеќе од 100 долари и златни обетки, пишува Си-ен-ен. Аида тврди дека на многумина ова би им изгледало како мал гест, но дека тоа било голема работа за неа и за нејзината сестра во тоа време. Тие пари, вели таа, им помогнале да купуваат храна цело лето.

По долги години, сестрите Вања и Аида Зугај успеале да ја пронајдат Трејси, жена која им помогнала кога тоа им било најпотребно, пишува Си-ен-ен.

Трејси Пек за нивната потрага дознала од својата најдобра пријателка и тренерот по тенис, кои приказната за сестрите ја виделе на Си-ен-ен.

– Дали ја виде приказната? Тоа мора да си ти – ѝ- рекле. Трејси на почетокот го отфрлила тоа, не верувајќи дека некој ја бара токму нејзе.

Кога почнале да ѝ раскажуваат за приказната, таа возела и немала поим за што зборуваат. Потоа одлучила да го запре автомобилот и го отворила линкот што ѝ го испратиле. Таа на својот мобилен телефон ја здогледала фотографијата од писмото со нејзиниот потпис. Штом го видела, вели таа, брзо се вратиле спомените од летот од Амстердам пред 23 години.

Се сетила дека седела покрај две сестри кои бегале од поранешна Југославија. Се сетила дека изгледале многу исплашено и дека ја потсетувале на нејзините сопствени ќерки. Се сетила колку била трогната од нивното искуство од бегството од војната.

Пред да излезат од авионот, таа посегнала во својата чанта, им дала 100 долари и своите обетки и набрзина напишала порака којашто сестрите ја сочувале до ден-денес. Не ни знаела колку тоа ќе им значи, а дефинитивно, вели, не знаела дека ќе ја бараат сето ова време.

Трејси денес има 70 години, а работела како физиотерапевтка. Живее во предградијата на Минеаполис. Пријателите ѝ помогнале преку интернет да стапи во контакт со сестрите. Тие повторно се обединиле преку Зум.

„Тоа ми го стоплија срцето повеќе од сè што сум доживеала во животот“, изјавила Трејси за Си-ен-ен.

„Таа сигурно би го направила тоа повторно, никогаш не размислувала двапати да им помогне на другите“, велат нејзините пријатели кои ѝ помогнале да ги пронајде сестрите.

„Само сакам да ги поттикнам сите во светот да бидат љубезни. Дали има нешто лошо во тоа? Насмевнете се, воспоставете контакт со очи, помогнете му на секој што е во неволја или опасност“, рекла Трејси, а со сестрите разговарала и за можноста повторно да се сретнат лице в лице.

„Ќе ви ги направам најдобрите палачинки што некогаш сте ги пробале“, им порачала таа преку Зум.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Не знае англиски, но одлично зборува фудбал: Најдобриот трансфер во јануари, а можеби и на сезоната

Следно

ФОТО | Само Пендаровски од државниот политички врв положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian