ФОТО | Само Пендаровски од државниот политички врв положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

3 mins read

По повод 119-годишнината од смртта на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, денеска на неговиот гроб во црквата „Свети Спас” цвеќе положи претседателот на Македонија Стево Пендаровски. Тој беше единствен од политичкиот државен врв кој присуствуваше на одбележувањето на овој настан. Премиерот Димитар Ковачевски за делото на Делчев се огласи преку својот Фејсбук профил.

Денеска, на денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, ги чествуваме неговиот живот и дело како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација и оддаваме почит кон неговиот историски придонес за остварување на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за своја самостојна држава. Неговата порака за светот како поле за културен натпревар меѓу народите до денес не изгубила од својата актуелност и го вбројува Делчев во редот на светските хуманисти. Како инспиратор и водач на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство на сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност во политичките предизвици за создавање на самостојна држава. Гоце Делчев беше лидер кој застапуваше вредности за обединување околу идејата за независна македонска држава кои ги споделуваа прогресивните сили на целиот тогашен Балкан, а неговите идеали и заложби остануваат наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја, напиша Ковачевски.

Гоце Делчев делегација 119 години од смртта (7)
Слободен печат – Драган Митрески

Во име на Владата, цвеќе на гробот на Гоце Делчев положија министрите Јованка Тренчевска и Благој Бочварски, како и заменик министерот Беким Реџепи.

„Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност“, соопшти Владата.

Гоце Делчев делегација 119 години од смртта (7)
Слободен печат – Драган Митрески

Делегацијата на СДСМ беше предводена од Вангел Андрески, организационен секретар на СДСМ, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ и Викторија Мадиќ, претседателка на надзорен одбор на СДСМ. Делегацијаta на ВМРО-ДПМНЕ беше составена од потпретседателите Владо Мисајловски и Александар Николоски, како и од членот на ИК Ели Панова. Делегацијата на Град Скопје ја предводеше градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Цвеќе положи и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски.

Гоце Делчев делегација 119 години од смртта (7)
Слободен печат – Драган Митрески

Цвеќе на гробот на македонскиот великан положија и бројни општински и партиски делегации, организации и здруженија, како и граѓани.

Гоце Делчев делегација 119 години од смртта (7)
Слободен печат – Драган Митрески
Гоце Делчев делегација 119 години од смртта (7)
Слободен печат – Драган Митрески

Во Софија, пак, денеска на денот на одбележувањето на 119-годишнината од смртта на Гоце Делчев се одржува конференција на тема „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија”. На конференцијата беа присутни претседателот на Бугарија Румен Радев, потпретседелката на државата Илијана Јотова, копретседателот на заедничката Комисија за историски прашања Ангел Димитров, како и други членови на Комисијата, но и други актуелни и поранешни политичари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Сестрите од поранешна Југославија ја пронајдоа Американката која им дала 100 долари пред 23 години

Следно

Песков со закани: Западот ќе плати висока цена за антируските санкции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian