ФИФА истражува: Сексуалната злоупотреба раширена во фудбалот во Габон

1 min read

Независниот Комитет за етика на ФИФА отвори истрага во врска со обвиненијата за сексуална злоупотреба на млади фудбалери која траела три децении. „На тапет“ неколку тренери и официјални лица

Независниот Комитет за етика на ФИФА отвори формална истрага против четворица официјални лица од Габон, по првичната истрага околу обвинувања за систематска сексуална злоупотреба. „Гардијан“ информира дека во декември поранешниот селектор на националниот тим до 17 години на Габон, Патрик Асуму Еји, бил соочен со обвиненија за силување и зоупотреба на млади играчи.

Еји бил упасен и обвинет во Габон и чека пресуда, откако го признал злосторството. Тој бил супендиран од страна на фудбалската федерација на оваа африканска земја.

ФИФА ги суспендира и претседателот на Лигата во Габон, Серж Амед Бомбо и тренерите Трипел Мабика и Орфе Микала.

Споменатиот Комитет за етика отвори првична истрага во декември во врска со обвиненијата за сексуална злоупотреба на млади фудбалери во Габон која траела три децении.

Претсeдaтелот на Фудбалската федерација на Габон, Пјер-Алан Мугенги, бил притворен затоа што не ги пријавувал ваквите случаи. Тој самиот не извршувал ваква злоупотреба.

– Идентификувавме неколку жртви и повеќе сведоци кои зборуваа за сериски злоупотреби кои се длабоко вкоренети во габонскиот фудбал. Накратко, тоа била јавна тајна која не била решавана со години – се вели во соопштението на Меѓународната федерација на професионални фудбалери (ФИФПро) во врска со овој случај.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Членките на ЕУ не се договорија за ембарго на нафта

Следно

Среќен роденден Одри Хепберн: Петте најпознати улоги на модната икона

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian