Дибала си оди од Јуве: Аргентинецот ја прифати понудата од 6 милиони евра!?

1 min read

Гаѕета дело спорт“ денеска открива дека Аргентинецот ја прифатил понудата на актуелниот италијански шампион Интер вредна 6.000.000 евра нето по сезона и четиригодишен договор.

Двоумењето пред шест месеци ја чинеше многу „Старата дама“, бидејќи освен што ќе го загуби еден од своите најдобри играчи, нема да инкасира ниту евро од обештетувањето.

Клучната улога во трансферот му припадна на Џузепе Марота, директорот на Интер, кој го донесе Дибала од Палермо во Јувентус додека работеше во Торино.

Играчот ќе заработува помалку во Милано отколку сега во Торино (7,3 милиони евра).

Можеби Дибала процени дека со враќањето на теренот на Федерико Киеза и со доаѓањето на Душан Влаховиќ како столб за формирање на тимот ќе го загуби статусот на прва ѕвезда на тимот, па реши да му се приклучи на тренерот Симоне Инзаги и пред сè неговиот соиграч од репрезентацијата, Лаутаро Мартинез.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неколку пријави за напад од кучиња скитници

Следно

ВИДЕО | Болничарка од Украина која ги изгуби двете нозе се омажи во болница: Ова е првиот танц

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian