Денес се празнува светиот свештеномаченик Јануариј

1 min read

Овој светител беше епископ во Камбанија Италијанска. Во времето на гонењето на Максимијан беше изведен на суд и мачен на разни начини, а тој поднесе сè трпеливо.

Кога го фрлија во оган, огнот се разлади со невидлива роса и маченикот стоеше неповреден сред огнот и Му пееше пофалба на Бога. Тогаш му го стружеа телото со железни четки дури коските не му побелеа, но маченикот поднесуваше незлобливо и трпеливо.

Неговиот ѓакон, Фауст и чтецот Дисидериј, коишто ги гледаа неговите маки, плачеа по својот духовен отец, но и нив ги врзаа и заедно со епископот ги поведоа во градот Путеол и ги фрлија во затвор. Во истиот затвор беа затворени за Христа и путеолските ѓакони Прокул и Сосиј и двајца лаици христијани Евтихиј и Акутион. Сите седуммина ги фрлија пред ѕверовите. Но, ѕверовите не ги ни допреа.

Тогаш ги убија со меч, а неаполските христијани тајно го пренесоа телото на свети Јануариј во својот град и чесно го положија в црква. На гробот на овој светител до денешен ден се пројавуваат многубројни чуда.

Меѓу бројните чуда запаметено е и тоа дека една бедна вдовица, на којашто ѝ беше умрел синот единец, ја зела од црквата иконата на свети Јануариј и ја положила на својот мртов син плачејќи и молејќи го светителот, по што нејзиниот син оживеал. Свети Јануариј пострада чесно во 305 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЛШ: Никој како Јирген Клоп, испиша историја со Ливерпул

Следно

Дневен хороскоп за 4 мај: Научете да се гордеете со себе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian