Бишевац: Потребни се избори, блокадата е легитимен чекор – единствен избор на опозицијата

1 min read

Поранешниот пратеник Сафет Бишевац во вечерашното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 рече дека работа на најголемата опозициска партија е да ја одреди тактиката и стратегијата за да како најдобро и се спротивстави на власта.

„Звучи грубо, но во суштина бојкотот беше оружје на опозицијата и тоа доаѓа кога немате друг избор, за да дојдете до посакуваната промена. Легитимно е како чекор. Потребни се парламентарни избори,“ рече Бишевац.

Според него, блокадата на Собранието нема суштински да смени многу, затоа што последниот состав на Собранието го гледа како најобична гласачка машинерија.

„Не сакам да бидам груб, но пратениците се сведени на апсолутни послушници, кои ги извршуваат желбите на извршната власт“, рече Бишевац.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Сите жени кои не успеале да му одолеат на Тито

Следно

Хрватска ќе додели пет милиони евра хуманитарна помош за Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian