Австралија со нови санкции против пратеници и министри поради ситуацијата во Украина

1 min read

Австралиската Влада воведе нови санкции против 75 пратеници од Русија и 32 министри на самопрогласените народни републики, Доњецк и Луганск, поради ситуацијата во Украина, информираше денеска Министерството за надворешни работи на Австралија.

На листата со санкционирани се најдоа 75 пратеници од Долниот дом на рускиот Парламент, Државната дума, како и 20 министери од ДНР и 12 од ЛНР.

Санкциониран е и новинарот на руската државна телевизија Владимир Соловјов.

Австралија досега на црната листа стави над 700 државјани на Русија и на Белорусија, вклучувајќи ги и претседателите на двете земји, Владимир Путин и Александар Лукашенко, но и голем број руски и белоруски министри.

kurir.mk

Претходно

Во Тетово треба да се распишат повторни избори за советници!?

Следно

ВИДЕО: Одличниот Морент броеше до 47 и го урна Голден стејт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian