Зеленски за изјавата на Лавров дека и Хитлер имал еврејско потекло

1 min read

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ја критикуваше изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, според кој „Адолф Хитлер имал еврејска крв“ и „најжестоките антисемити обично се Евреите“.

– Немам зборови…, рече Зеленски во своето вообичаено ноќно обраќање. Никој не слушна никаков демант или оправдување од Москва. Сè што имаме од таму е молк… тоа значи дека руското раководство ги заборавило сите лекции од Втората светска војна. А можеби никогаш и не ги ни научиле, истакна Зеленски, пренесува Скај Њуз.

Изјавите на Сергеј Лавров предизвикаа жестока реакција од Израел. Шефот на дипломатијата на земјата ги нарече „непростливи и скандалозни“, додавајќи дека „Евреите не се убивале сами себе во Холокаустот“.

– Поради овие изјави сега имаме голем скандал во Израел. Но, од Москва не слушаме зборови за извинување. Само молк. Како може да се каже такво нешто во пресрет на годишнината од победата над нацизмот? Немам зборови…, рече украинскиот претседател.

Зеленски и самиот е Евреин, но Русија постојано повторува дека сака „денацификација“ на Украина, почнувајќи од нејзиното раководство.

Запрашан за ова претходно, рускиот министер за надворешни работи рече: Па, кога ќе речат: „Како може да постои нацификација ако сме Евреи?“ Според мене, Хитлер исто така имал еврејско потекло, така што тоа не значи апсолутно ништо. Веќе некое време слушаме од еврејскиот народ дека најголемите антисемити биле Евреи“.

Западните лидери ја осудија изјавата како невистинита и апсурдна.

kurir.mk

Претходно

На граничниот премин Богородица за влез во државата се чека околу 30 минути

Следно

Се чувствувате лошо по сексуалниот однос? Овие два симптома не треба да ги игнорирате

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian