Забранет риболовот на езерото Калиманци

1 min read

Од денеска риболовот на езерото Калиманци, Каменичка река и Брегалница од вливот дo Бигланскиот мост ќе биде забранет.

Во соопштението од Спортското-риболовно друштво „Шаран” од Македонска Каменица ги известуваат сите риболовци дека забраната ќе важи до крајот на јуни годинава.

-Согласно решението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во периодот на забрана која ќе трае до 31 јуни 2022, контролата ќе биде засилена, се со цел природниот мрест на рибите да биде поуспешен, информираа од ЗРСК „Шаран”.

Секое непочитување на забраната, како што порачуваат, ќе биде санкционирано од Државниот инспекторат за земјоделство и надлежните судови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Еве што значи темата „Позлатен гламур“на годинешната Мет Гала

Следно

Папата Франциск побарал средба со Путин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian