ВИДЕО: Кети Пери се облече како сирена па падна од столчето

1 min read

Во последната епизода од шоуто „Американски идол“, која беше емитувана вчера, Кети Пери во жирито се појави во костим на сирена со цел да ја одбележи ноќта на Дизни, облечена како Ариел од Малата сирена.

Во еден момент таа падна од столчето, а поради опашката не можеше да стане, па тука веднаш ѝ помогнаа колегите судии Лајонел Ричи и Лук Брајан, како и водителот Рајан Сикрест.

Во моментот на нејзиниот пад, камерата го прикажуваше Сикрест. Но, откако се слушна ударот, режисерот го префрлил преносот на камерите кои го снимаат жирито и тие ја уловија глетката од пејачката на подот зад масата.

Пери го сподели видеото на својот Инстаграм, истакнувајќи дека со вртење на педалите не се оди предалеку, што воедно се и стиховите од песната „Part of Your World“, која може да се слушне во Малата сирена.

Пред еден месец, Кети Пери беше во центарот на уште една несреќа на „Американскиот Идол“ кога панталоните на задникот и пукнаа додека го изведуваше својот хит „Teenage Dream.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ливерпул вечерва го брка 10 финале во Лигата на шампионите

Следно

ВИДЕО | Величковски од Национален Совет за малцинства во Србија: Македонците се тука, тие не се изгубени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian