Македонската евровизиска делегација на чело со евровизиската претставничка Андреа Коевска отпатува за Торино, Италија. Андреа на 12 мај ќе застане на големата евровизиска сцена изведувајќи ја песната „Circles“.

Андреа денеска ја имаше и првата техничка проба во Пала Олимпико со што и за првпат се соочи со вистинската евровизиска сцена.
@eurovision Dressed all in black, supported by nothing more than pulsing graphics and dramatic lighting, @Andreamusic20’s first rehearsal on stage was very impressive! 👏🇲🇰 #Eurovision #Eurovision2022 #EurovisionTikTok ♬ original sound – Eurovision
Младата пејачка изминатиот период имаше претставување на песната „Circles“ во неколку земји, а на втората полуфинална вечер на 12 мај на евровизиската сцена ќе настапи 11-та од вкупно 18 натпреварувачи.
По пристигнувањето во Торино, Андреа се огласи на својот профил на Инстаграм со симболични фотографии.
„Пристигна и дремна. Утре во Торино почнува забавата“, напиша Андреа покрај фотографиите.
Сè до втората полуфинална вечер на 12 мај, со амбиции и желби и за финалето на 14 мај, евровизиската агенда е исполнета со бројни настапи, средби со медиуми и прес-конференции, а секако во фокусот се техничките и генерални проби кои директно влијаат на финалниот настап на Андреа, велат од МРТ.
ФОТО | Aндреа оди на Евровизија 2022 во Торино: Ќе правиме победничко интервју!
ФОТО+ВИДЕО | Андреа со одлична изведба и монохроматска модна комбинација во Шпанија
ФОТО | Aндреа оди на Евровизија 2022 во Торино: Ќе правиме победничко интервју!