Кошаркарите на Феникс поведоа против Далас во полуфиналето од плеј-офот во Западната конференција во НБА лигата, откако изминатата ноќ во првиот натпревар на домашен терен триумфираа со 121:114.
Ејтон беше најефикасен во редовите на Санси со 25 поени и осум скокови, Букер се истакна со 23 поени, девет скокови и осум асистенции, додека Пол запиша 19 поени и пет скокови.
На спротивната страна кај Маверикси недоволна беше феноменалната партија на словенечката ѕвезда Дончиќ кој постигна 45 поени, 12 скокови и осум асистенции.
Исто така и Мајами стекна почетна предност во пресметката со Филаделфија во полуфиналето од плеј-офот на Источната конференција, во првиот меч славеа „жешките3 со 106:92.
Прв стрелец во победничката екипа беше Хироу со 25 поени, седум асистенции, а Адебајо го следеше со 24 поени и 12 скокови.
За Сиксерси не настапи еден од најдобрите играчи Ембид поради повреда, прв стрелец беше Харис со 27 поени и шест скокови.