ВИДЕО | Чоколадни стапчиња: Слатки и неодоливи, готови за 30 минути

1 min read

Ви доаѓаат гости или можеби само сакате да ги израдувате домашните со превкусно тесто потопено во чоколадо, тогаш овие чоколадни стапчиња се вистинското решение. Одлично одат со домашно кафе, но и со сок од јагоди. Направете го тестото за 10-тина минути и се останато е многу едноставно. Погледнете го рецептот.

Состојки:

2 јајца
80 гр шеќер
100 мл масло
1 лажичка ванила
прстофат сол
330 гр брашно
1 лажица прашок за пециво
40 гр чоколадни трошки
150 гр млечна чоколада

Подготовка:

– Убаво изматете ги јајцата, шеќерот, маслото, ванилата и солта.
– Додадете брашно и прашок за пециво, па добро измешајте.
– На крај додадете ги чоколадните трошки и убаво измешајте.
– Тестото треба да биде меко, не лепливо.
– Направете облик на валјак, па поделете на 8 дела.
– Истенчете го секој за да добиете тенко тесто како змија.
Исечете на 6 парчиња и наредете на плех обложен со хартија за печење.
– Печете на 160-170° C околу 25-35 минути.
– Потопете ги двата краја во растопеното чоколадо.

Целата постапка погледнете ја во видеото…

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија започна победнички на УЕФА развојниот турнир во Скопје

Следно

ФОТО | Војнички ранец падна од небо врз куќа во Неготино

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian