Се чувствувате лошо по сексуалниот однос? Овие два симптома не треба да ги игнорирате

3 mins read

Напливот на разни емоции по сексуалниот однос не е воопшто чудна, но некои физички симптоми може да бидат знак дека е време да посетите гинеколог.

Болка или мачинина по сексуален однос се многу почести отколку што се мисли и симптомите никако не треба да се игнорираат.

– Постои мошне загрижувачка и вообичаена заблуда дека чувството на мачнина по сексуалниот однос е показател дека штотуку успешно сте зачнале дете. Но, според стручното медицинско мислење, тоа не е вистина и физички е невозможно. На спермата ѝ е потребно многу повеќе од пет минути да оплоди јајце-клетка – вели познатата британска докторка и основачка на „Elite Aesthetics“ д-р Ширин Лахани и додава дека постои цела низа причини кои би можеле да бидат причината.

Вазовагална синкопа

Една од можностите е вазовагалната синкопа, која може да се појави кога партнерот многу длабоко ќе продре во жената и ќе „удри“ во цервиксот.

– Цервиксот е полн со нервни завршетоци. Вазовагалниот одговор настанува кога се стимулира вагусниот нерв, што предизвикува понизок број на отчукувања на срцето и крвниот притисок. Тоа, пак, може да доведе до мачнина – вели д-р Лахани. Треба да знаете и дека цервиксот се менува во текот на фазите на менструалниот циклус, што значи дека можете да бидете повеќе или помалку чувствителни во текот на пенетрацијата. Вазовагалната синкопа е ненадејно, краткотрајно губење на свеста поради хипоксија на мозокот, како последица на минливо намален проток на крвта во мозокот.

Дехидратација

Дали сте една од оние жени кои често се враќаат од работа и сфаќаат дека не испиле ниту една голтка вода цел ден? Тоа мора да се промени, бидејќи дехидрацијата може да предизвика многу здравствени проблеми. Чувството на мачнина по сексуален однос е еден од нив.

Без разлика дали се работи за дехидрација, нерви или вистинска вознемиреност, мачнината после секс може да биде начин телото да ви каже дека нешто не е во ред“, вели д-р Лахани. Водете сметка за тоа колку вода пиете, а ако се чувствувате вознемирени, постојат програми за помош и техники за управување со стресот што можете да ги испробате.

Ендометриоза

Ако мачнината после секс е придружена со болка, тоа може да биде знак за посериозна состојба како што е инфекција на уринарниот тракт, полицистични јајчници или дури и ендометриоза.

Не е невообичаено жените со горенаведените состојби да доживеат болен однос, со други причини, вклучително и инфекции на грлото на матката и фиброиди. Задолжително посетете лекар“, советува д-р Лахани.

Ментално здравје

Веројатно ретко кој го поврзува менталното здравје со физичките симптоми на мачнина после секс, но, според д-р Лахани, можно е и лекарот откако ќе ги исклучи потенцијалните физички тригери, да ги преиспита психолошките и да ве упати на понатамошна терапија.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски за изјавата на Лавров дека и Хитлер имал еврејско потекло

Следно

ВИДЕО | Бучковски: Бугарското општество сѐ уште не е подготвено да поддржи кревање на блокадата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian