Пендаровски : Институциите да гарантираат за безбедноста на медиумските работници

1 min read

Претседателот на Македонија по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 Мај на својот Фејсбук профил објави натпис во кој истакна дека институциите во земјава мора навремено да реагираат кога станува збор безбедноста на медиумските работници.

– Ги повикувам надлежните институции навреме да реагираат и да ги процесуираат случаите поврзани со напади, заплашување или загрозување на безбедноста на медиумските работници и на тој начин да придонесат за нивна системска заштита. Безбедноста на новинарите е заедничка обврска на сите нас, но, пред сè, на државните институции и политичките фактори, инаку, тоа не ни треба само како политичка флоскула. Сите државни институции се должни да овозможат непречен пристап до сите информации за нивната работа, за да можат новинарите квалитетно да ги информираат граѓаните – напиша претседателот Пендаровски.

Фото : Фејсбук статус – Стево Пендаровски

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Сите погледи вперени во неа: Илон Маск ја прошета својата мајка супермодел на црвениот тепих на Мет Гала

Следно

Џонсон: Украина ќе ја победи Русија и повторно ќе биде слободна земја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian