Павличевиќ е новиот селектор на македонската одбојкарска репрезентација

1 min read

Српскиот тренер Ратко Павличевиќ ќе седне на клупата на најдобрата македонска машка сениорска одбојкарска репрезентација.

Одбојкарската федерација на Македонија постигнал договор со Павличевиќ кој доаѓа како наследник на досегашниот кормилар на „црвено-жолтите“, Душан Николиќ кој беше именуван за нов селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

На клупски план ги водеше екипите на Шеноа Женева (Швајцарија), машкиот и женски клуб на Црвена звезда (Србија), а беше дел и од Ал-Хилал (Саудиска Арабија), Пафијакос Пафос (Кипар), Фоиникас Сирос ОНЕКС (Грција), швајцарскиот Линдарен Волеј Амрисвил, а беше селектор на женската У20 српска репрезентација.

Како играч ги бранеше боите на белгиската екипа Винетон Дувел Пур во натпреварувачката сезона 1996/1997.

Следното лето Македонија треба да игра во Европската Сребрена лига каде што ривали се Романија, Албанија и Босна и Херцеговина.

А исто така годинава треба да настапи и на Медитеранските игри во Алжир кои ќе се одржат од 25 јуни до 5 јули 2022 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Курти ја повика Грција да го признае Косово

Следно

Бизарно: Ким го „извадила“ задникот и ослабнала 8 килограми за да влезе во прочуениот милионски фустан на Мерилин Монро

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian