Џонсон: Украина ќе ја победи Русија и повторно ќе биде слободна земја

1 min read

Украина ќе ја победи Русија и повторно ќе биде слободна земја, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон во своето обраќање во украинскиот Парламент преку видео врска.

Британскиот премиер, кој најави дополнителна воена помош од 356 милиони евра за Украина, вклучувајќи опрема за електронско војување и противбатериски радарски систем, истакна дека Британија ќе продолжи да ја снабдува Украина.

– Имам порака за вас денеска: Украина ќе победи, Украина ќе биде слободна, нагласи Џонсон.

Тој оцени дека Украина „го уништи митот за непобедливоста на претседателот Владимир Путин“ во борбата против Русија.

– Таканаречената неодолива сила на воената машинерија на Путин се распадна на неподвижниот објект на украинскиот патриотизам и љубовта кон земјата, порача Џонсон. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Пендаровски : Институциите да гарантираат за безбедноста на медиумските работници

Следно

Кривична пријава за скопјанец за „загрозување на животната средина и природата со отпад”

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian