Нема да гласаме за внесување на Бугарите во Уставот, без писмени гаранции дека Софија нема да нѐ блокира во ЕУ, вели Мицкоски

2 mins read

„ВМРО-ДПМНЕ нема никаква официјална информација од страна на надлежните за тоа за што се преговара. И многу е чудно кога зборуваат за уцени, а тие всушност го држат во заложништво и го уценуваат целиот македонски народ бидејќи преговараат за неговиот идентитет, а најголемата политичка партија не знае за што се преговара. Практично ги има заробено институциите, тоа е прво. А, второ, можното решение може да има три подваријанти. Првата подваријанта е официјалната Софија во јуни на Европскиот совет, да го тргне ветото и да се одржи првата меѓувладина конференција, но да не почнат преговорите се додека дел од бугарскиот народ не влезе во Преамбулата на македонскиот Устав“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во дневникот на ТВ Сител.

Мицкоски посочи дека втората подваријанта е исто така Софија официјално да го тргне ветото, меѓутоа барањето од бугарската Декларација од 2 ноември 2019 година да биде дел од преговарачката рамка. Но, тој се надева дека голем број на земји членки нема тоа да го дозволат, бидејќи билатерални прашања не треба да бидат дел од преговарачката рамка. И третата подваријанта е воопшто да не се тргне ветото.

„Што е заедничко во овие три сценарија? Заедничко е дека нема да почнат преговорите. Туку преговорите можат да почнат само во услов кој што ќе биде дел од преговарачката рамка наметнат од Софија. Е, сега доаѓам до одговорот, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ може да поддржи да дел од бугарскиот народ биде од Преамбулата само под еден услов – да добиеме гаранции кои што ќе ги изгласа бугарскиот Парламент, а со кои што јасно ќе стави дознаење дека со вклучувањето на дел од бугарскиот народ ви Преамбулата на Уставот завршуваат сите отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија. И од тој момент натаму никогаш повеќе до самиот влез на Македонија во рамките на ЕУ тие нема да ја блокираат”, рече Мицкоски.

Тој посочи дека треба да се каже „стоп за двојните стандарди за Македонија“. Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот, доколку нема писмени гаранции дека Бугарија повеќе нема да ја блокира Македонија во евроинтеграциите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гвардиола потврди: „Граѓаните“ ослабени пред реваншот со „кралевите“

Следно

Младите У15 фудбалски надежи славеа победа над Кипар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian