Нелекторирана копија од првата книга за Хари Потер продадена за речиси 40 000 фунти

2 mins read

Единствениот познат комплет страници од првата верзија на книгата на Џ. К. Роулинг „Harry Potter and the Philosopher’s Stone“, испечатени за потребите за рецензија, е продаден за 37 500 фунти откако предизвикал „приличен потрес“ на аукција.

Досега невидениот некоригиран труд е верзија на книгата која е испечатена пред конечното лекторирање и се состои од 224 нумерирани страници на 109 листови.

Комплетот е продаден речиси двојно повеќе од претпродажната процена од 20 000 фунти, откако приватен колекционер кој по телефон лицитирал од странство победил жестокиот тендер.

Фото: Profimedia

Тој примерок на книгата во февруари 1997 година го испратила Росамунд Вокер, менаџер за маркетинг на детски книги во Блумсбери до Фиона Вотерс, рецензентка на детски книги.

Во писмото Вокер напишала: „Драга Фиона, ‘Harry Potter and the Philosopher’s Stone’ од Џоан Роулинг. Ви го приложив ракописот како што ти ветив. Би била многу благодарна ако би можеле да ми дадете свој коментар пред објавувањето“.

Еден месец подоцна, Вотерс одговорила: „Едноставно ми се допадна таа книга. Постои нешто во врска со Хари Потер што ме потсетува на Чарли Бекет“.

Фото: Profimedia

Цитатот на Фиона Вотерс е користен како рецензија на задниот дел од првото издание на книгата.
Клајв Мос, шефот на одделението за книги, ракописи и хартии во аукциската куќа „Chiswick Auctions“, рекол „Воодушевени сме од резултатот на овој денеска единствен познат преживеан комплет листови кој прв пат се појави на пазарот и предизвика голем хаос“.

„Очекувавме жестоко наддавање, бидејќи се нуди единствен увид во тоа што стана култно дело во историјата на книжевноста“, додал тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ливерпул со пресврт до финале во Лигата на шампионите

Следно

Георгиевски: Македонската историографија е полна со лаги измислени од бугарските комунисти во борбата против Ванчо Михајлов

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian